Црква „Св. Илија“ - Карабуниште
Манастирот Свети Илија — манастирски комплекс составен од 3 цркви кој се наоѓа во близината на велешкото село Карабуњиште, од десната страна на реката Вардар во Таорската Клисура. Сместен е во долот на потокот кој извира и протекува низ Карабуниште и е опкружен со листопадна дабова и јаворова шума. Во него нема монашки живот, но има машки и женски конаци за преспивање и останати помошни простории и трпезарии во кои престојуваат посетителите за поголемите празници. Во рамките на манастирот постојат 3 цркви, од кои две се посветени на пророкот Свети Илија, а една на Пресвета Богородица. Манастирот бил изграден во 1965 година. Манастирската црква нема фрескоживопис, а е осветена од тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил[1]. На патрониот празник, Илинден, се одржува голем собор кој е посетен покрај од луѓето со потекло од Карабуњиште и од верници од Велес, Скопје и околните села. Манастирот е оддалечен 10 минути пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ и 20 минути пеш од селото Карабуњиште. На средината во дворот постои чешма со студена вода. Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia