Црква „Св. Илија“ - Клисели
Свети Илија (грчки: Προφήτη Ηλία) — црква во селото Клисели, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е гробишен храм во северозападниот дел на селото. Изграден е во XX век врз темелите на постара црква со истото име. Во 1926 г. селото е преименувано во Профитис („Пророк“) во чест на светецот. Внатре се зачувани вредни предмети од стариот храм — 55 преносливи икони, едни царски двери, украсно плато на дверите, 6 литургиски предмети и 30 старопечатени книги. Иконите се од XVIII и XIX век. Некои од нив се потпишани од познати зографи како Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Меѓу книгите се издвојуваат две евангелија со сребрена опкова и еден неделник. Во некои од книгите има приписки како стиховите на извесен поп Атанас, кои имаат книжевна вредност.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia