Клисели
Клисели или Профитис (грчки: Προφήτης, Профитис) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Профитис бил дел од општина Егнатија[2]. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 43 километри западно од Ставрос и 39 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 141 метри. Клисели опфаќа површина од 48 квадратни километри[3]. ИсторијаВо XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија. Во 1928 година селото било преименувано во Профитис. ДемографијаВо 1928 година селото било мешано со 73 бегалски семејства и 270 бегалци [4] додека во 1940 година селото броело 995 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1267 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1162 жители, во 1971 година имало 1078 жители, во 1981 година имало 1067 жители, додека во 1991 година имало 1144 жители[5] а во 2001 имало 1010 жители[6]. Денеска, населението на селото е 474 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia