Црква „Св. Илија“ - Патрик
Свети Илија — главна селска црква историското штипско село Патрик, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на местото на некогашното село Патрик и е единствен остаток од него. До нејзе може да се стигне преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи црквата се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до црквата е ограничен. Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.[2] ИсторијаПрвобитниот храм бил разрушен за време на Втората балканска војна, кога било разорано и самото село. Но, видливите остатоци од објектот и од фрескоживописот, довело до повторна обнова. Со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Стефан, реставрацијата била отпочната во 1988 година.[3] АрхитектураФрескоживописЦрквата поседува живопис. Икони и иконостасВо нејзе се наоѓа мал иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia