Патрик (Штипско)Оваа статија се однесува на поранешно село во Штипско. За селото во Егејска Македонија, погл. Патрик (Нигритско).
Патрик — историско село во Штипско, во атарот на денешното село Лесковица, Општина Штип. Селото постоело сѐ до 1913 година. Денес, на местото на некогашното село се наоѓа ловиштето „Конечко“. Географија и местоположбаПатрик се наоѓал на неколку километри јужно од селото Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес, местото се наоѓа во атарот на селото Лесковица. До местото на селото може да се дојде преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи селото се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до него е ограничен. НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патрик живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патрик имало 112 (или 120) жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3] За време на Втората балканска војна во 1913 година, селото е изгорено од српската војска. Во 1988 година е обновена црквата „Св. Илија“.[4] Самоуправа и политикаВо XIX век, Патрик било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia