Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Борисово
Свети Кирил и Методиј — македонска православна црква која се наоѓа во селото Борисово, Општина Ново Село. Црквата започнала да се гради во 1978 година, а била завршена во 1980 година од страна на мајсторите Васе Сапунџиев од Борисово, Таче Пандев од Мокриево и Тушо Атанасов од Габрово. Црквата била осветена од г.г. Гаврил, митрополит Повардарски. Иконите во црквата се насликани од Дончо Киров од Секирник во 1980 година, а дарител на иконите е Глигор Василев со фамилијата. Иконостасот се состои од три реда на икони, при што во вториот ред има само две икони, на Свети Василиј Велики и Свети Григориј Златоуст, а има празен простор оставен за другите икони. Во куполата е претставен Исус Христос Седржител, како старец. Во дворот се наоѓа и крстилница. ГалеријаНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia