Габрово (Струмичко)Оваа статија се однесува на село во Струмичко. За останати значења, погл. Габрово.
Габрово — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Географија и местоположбаГаброво се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15,5 километри. Надморската височина во селото е 300 метри а површината на селото изнесува 1883 ха. Под падините на планината Беласица десно од патот Банско - Борисово во недопрената природа скриено од погледите на луѓето се наоѓа селото Габрово. Населбата е мала со околу 100 домаќинства но плени со својата селска идила, старите куќи со чардаци, љубезноста на жителите. Овде секое камче крие дел од историјата на селото. Ладната и бистра вода од водопадот било место на кое летно време габровчани се разладувале и уживале а дека било и нивно омилено место зборува и фактот дека порано овде се славел и христијанскиот празник Св. Илија инаку заштитник на селото. До неодамна се знаеше само за еден водопад меѓутоа прекрасната слика на ова место ја наполнуваат и двата водопади до кои можеа да дојдат само селаните кои добро ја познаваат планината. Денес водопадот е модерно уреден и отворен за сите љубители на природните реткости и убавини. Покрај веќе надалеку познатиот прв водопад сега за туристите се достапни и останатите втор и трет водопад коишто Општина Струмица со проектот „Доуредување на габровскиот водопад“ ги направила пристапни за сите оние кои се љубители на прирадата. Со доуредувањето на трите габровски водопади дополнително се поставиле летниковци, клупи, маси, и канти за отпадоци исто така се направиле и три мостови за полесен пристап до последниот и најубавиот водопад. Селото се граничи со Банско, Колешино, Моноспитово, Бориево, Бајрамбос. ИсторијаСелото е основано од Драгое околу црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“, за која српскиот цар Стефан Душан издава специјална грамота. Потоа се гради црквата „Св. Богородица“ и двата храма се дарувани од регионалниот владател деспот Јован Углеша. Во 1374/5 година двете цркви во Габрово се дарувани од деспот Јован Драгаш и брат му Константин Драгаш.[2] Исто Габрово бил и Црковен имот на Хиландарскиот Манастир на Света Гора и му биле давани дрварина и јагнарина како годишен данок дар од Габрово. Ова струмичко село, целото обвиткано во зеленило порано имало неколку местоположби. Најпрво се наоѓало поназапад, односно на исток од т.н. Гарлиева чешма. Чешмата така ја викале поради студената вода, која прави грло ( Грлиева, односно Гарлиева чешма ) која се наоѓа во месноста Шенкови ореви околу 1,5 километар на запад од денешно Габрово. Месноста околу чешмата ја викат Ржевик. По течението на водата од Гарлиева чешма во насока кон Моноспитовското блато расте посебен ендемски вид на папрат. Потоа е преместено на месноста викана Пот која е всушност висорамнина со добра стратешка и одбрамбена положба. Источниот дел од селото некаде до пред Балканските војни било со турско население и затоа до ден денес тој дел се нарекува Турско маало. За време на Балканските војни и прогонот на Македонците од Беломорска Македонија многумина од "Бежанците" се населиле во таа маала. Во него имало и џамија за која се знае каде била но нема остатоци. Имало и гробишта, наречени Турско гробје на чие место сега има изградено магацин за откуп на земјоделски производи. Денес тука е изграден и угостителски објект наречен „Подгорски ан“. На просторот меѓу село Колешино и Габрово се наоѓа месноста Пот. Таа е мала висорамнина, која со текот на времето била пошумена со борови. Ридската месност го добила топонимот Пот порадо потењето додека да се стигне до неа. Таму некогаш имало стара населба, за што сведочат археолошките остатоци - ќерамиди, ќупови (за пченица) и др. Југоисточно од селото се наоѓа една голема карпа (спила) по која месноста е наречена Спила. Ако намерникот, при посета на оваа месност, го стави увото на спилата под која поминува голема количина на подземна вода, ќе го осети шумолењето на водата. За време на турското ропство, во село Габрово имало комитски јатак. Селаните сестрано ги помагале комитите, кои се собирале над селото, во пазувите на Беласица. Комитското седело се наоѓало југозападно од населбата, во длабоката долина на реката Барлен, во месноста Ветрушка, каде е откриена една голема рамна карпа, од која се гледа текот на реката, чиј кањон е висок 150 - 200 метри. Во горниот рекотек на Барлен има водопад. Оваа планинска река извира под еден висок врв на Беласица, меѓу селата Габрово и Колешино, близу месноста Коњски Кладенец, што се наоѓа лево од реката Барлен. Над селото, од исток кон запад, се извишуваат шумовитите беласички ридови Пот, Лешкарник (чиј топоним е добиен по лешниците) Кошара и Тутеј. Оваа ридска верига завршува со највисокиот рид Думовец, кое го добило името по птицата думо, која често се среќавала во овој шумски предел. Над Думовец се наоѓа месноста Момина полјана, каде биле убиени две моми. Над полјаната, која што се наоѓа меѓу Габрово и Банско има и два гроба. Во турско време, беговите Рустем и Скендер имале имоти во селото, коишто подоцна ги продале. Тогаш имало две маала во селото - горно и долно маало. Горното маало се наоѓало на западниот дел на селото и во него живеело македонското население, а во долното ( или источното ) маало живееле Турците. Селото го сочинувале шеесет христијански и шеесет мухамедански куќи. Имало и џамија во селото, којашто била разурната во 1912 г. Имало и христијанска црква и македонско училиште. Инаку, оваа селска населба, според некои историски податоци, била основана уште во средниот век, пред доаѓањето на Турците - Османлии во Струмичката котлина. Топонимот на селото настанал поради тоа што околу населбата имало многу габрови дрвја. Габерот го имало во изобилство на просторот околу селото, а и во местото на кое била подигната населбата. Има и друга верзија за топоминот Габрово. Според неа, селото селото го добило своето име поради многуте габерливи ( мувлосани ) камења до селото, што се наоѓаат на западната страна од населбата, над асфалтниот. СтопанствоПретежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 306 ха[3]. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 710 жители, од кои 460 Македонци и 250 Турци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габрово имало 480 Македонци, патријаршисти.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 50 Турци.[6] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 399 жители и 113 домаќинства, од кои 398 Македонци и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 202 жители, од кои 178 Македонци и 24 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1793 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 642 гласачи.[14] На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 339 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Селото Габрово го слави верскиот празник Св. Илија Илинден Личности
Култура и спортИселеништвоИселеници има во Швајцарија, Италија, Германија, Австралија, Хрватска и во други земји. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia