Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово
Свети Кирил и Методиј — црква во стариот дел на Тетово е еден од најубавите православни храмови во Полошкиот Регион и седиште на Тетовското архијерејско намесништво. Изградбата на црквата е започната во 1903, завршена 1918 , а осветена на 12 јуни 1925 година. Патронот на црквата се слави на 24 мај на денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј[1]. ИзградбаЦрквата е започната да се гради на ново место во 1903 година во време на Илинденскиот период. Иницијатор за изградбата бил Прота Михаил (Михаил Мартиновски),примерен свештеник од тоа време, познат како заштитник на православните христијани од турските власти. Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од Цариград да издејствува изградба на црква. Одобрението го добил на 21 ноември 1902 година. На почетокот на градбата, мајсторите наидувале на одредени потешкотии, како релзутат на нестабилноста и влажноста на земјиштето, а со цел да биде одстранета водата од темелите на црквата, биле набивани костенови колци. Се смета колку што е црквата висока толку е и длабока за да не биде подложена на лизгање, а темелите биле поливани со олово. При градбата е користен камен бигор кој од целото местно население, на самарчиња на грб е носен од Тетовското кале. Главен мајстор при изведбата на работите бил извесен солунчанец од македонско потекло. Црквата се градела долго време со доброволни прилози на дарежливи христијани од Тетово и околината. Изградбата била завршена во 1918 година, а црквата е осветена на 12 јули 1925 година на ден Петровден од страна на тогашниот Патријарх Варнава. Архитектонски описЦрквата е трокорабна базилика и крстообразна со купола. Фрескоживописот е изработен од познатиот зограв Данило Несторовски во 1924 година.Истата година починал ктиторот на овој свет храм Прота Михаил Мартиновски кој е погребан во црковниот двор каде што и денес постои неговото вечно почивалиште. Од тогаш па до денес извршени се низа санации и изградба на нови помошни простории, од кои како позначајни се:
Црковен хорПри соборниот храм постоел црковен хор, кој бил формиран во 1969 година од страна на сега веќе починатиот Протојереј-Ставрофор Александар Ацески. Диригенти биле Виктор Трпковски и Јован Илиевски. Од 1990 година, со хорот раководел диригентот Ивица Зафировски, а претседател на хорот бил Протојереј-Ставрофор Мирко Станковски но за жал овој хор повеќе не постои.Во 2009 година со благослов на тогаш надлежниот архиереј Митрополитот Кумановско-Полошки Кирил а по иницијатива на хороводецот Милош Дрпа формиран е Македонско Визанстискиот црковен хор ,,Воскресение"кој хор егзистира до ден денес благодарение на хороводците Дарко Атанасовски и Дарко Нацевски а понекогаш во црквата пее и градскиот младински женски хор Менада, под диригенство на Маестро г-дин Ивица Зориќ[2]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia