Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуње
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Отуње. Градена е во 1860 година, додека обновена е во 1994 година.[1] Настани од 2001За време на воениот конфликт во Тетовско во 2001, црквата во Отуње не била поштедена од налетот на албанските банди.[2] На вратата пред влезот во црквата била скршена мермерната плоча со година на градба на црквата и било пукано е со оружје на таванскиот дел со видни оштетувања на плафонот. Електричната инсталација била целосно оштетена и бил одземен струјомерот. Сите четири столба внатре биле оштетени, а на двата столба веднаш до влезната врата во црквата биле оштетени лежиштата за икони. Уништени биле и дрвените седишта за седење на стари и изнемоштени лица при Светите богослужби. Целосно биле уништени два шандани за свеќи, аналогијата со намена за поставување на икони, купелот за крштевање на деца. Најголеми и непоправливи штети и вандалски уништувања биле направени на самиот свето-црковен ентериер на црквата. Многу од иконите биле уништени (сечени со секири, пукано со куршуми или кршени). (Во трпезаријата биле скршени сите прозорци, растурен бил сиот прибор за јадење и недостасувал ТВ приемник.[3] Во црквата има стари фрески и икони на кои не им се знае авторот. Неколку понови фрески имаат живописано учителот Крсто Гоговски од с.Непроштено (еден од киднапираните и убиени Македонци од с.Непроштено во конфликтот 2001 година) и ликовниот уметник Мирко Видоески од Тетово. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia