Црква „Св. Богородица“ - Џепчиште
Света Богородица претставува главната манастирска црква во тетовското село Џепчиште. Се наоѓа во месноста Голем Манастир. Оваа црква е градена во 1994 година, на простор на поранешна за која се дознава дека била градена во турско време. Сегашната манастирска црква ја подигнале браќата Ристо и Бранко Добревски од Џепчиште, кои живеат и работат во Бразил, Јужна Америка[1]. Фрескоживописот е изработен од сликарите Мирко Видоески и Александар Настески. Главниот празник на кој се слави патронот на црквата е Голема Богородица на 28 август.[2] СквернавењаОд кога црквата била изградена во 1994 година, таа била мета на многу грабежи и сквернавења. Еднаш била и опожарена. Најголемиот грабеж се случил во 2008 година, кога било украдено камбанериското ѕвоно вредно преку 2000€.[3] За време на воениот конфликт во Тетовско, црквата била оштетена, најмногу настрадал олтарот, каде што биле расфрлани црквоните утвари и бил обесветен Светиот престол[4]. На 4 февруари 2006 година црквата била намерно опожарена. Од пожарот целосно изгорел нејзиниот внатрешен дел, додека иконостасот бил спасен.[1] Во 2010 година, ноќта меѓу 1 и 2 февруари, во близина на црквата каде се наоѓа монашки гроб стар 700 години било извршено сквернавење од страна на диви копачи. Откако земјата била раскопана, таа повторно била вратена во гробот.[5] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia