Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиково
Свети Климент – црква во селото Пашаџиково. Сместена е од десната страна на патот кој води до туристичкиот центар Пониква. ИсторијаЦрквата била изградена во 2012 година со ктиторство на Благој Ситновски и неговото семејство. Храмот бил осветен од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион во септември 2015 година.[1] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Апсидата е украсена со три слепи ниши. Со три слепи ниши се украсени и полукружните крила, а во нивната средишна ниша има по една монофора. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е дограден трем. Дворот на црквата е ограден со метална ограда којашто има бетонска основа. Во непосредна близина на црквата се наоѓа мал помошен објект. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia