Пашаџиково
Пашаџиково, се среќава и како Пашаџик или Пашачаџиково — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Географија и местоположбаПашаџиково се наоѓа на падините на Осоговските Планини и се простира на надморска височина од 850 м. Селскиот атар зафаќа површина од 10,3 км2.[2] Пашаџиково е поврзано со добра патна инфраструктура со Кочани преку патниот правец Кочани-Пониква. Околу селото има два извора од кои во минатото населението се снабдувало со вода за пиење.[3] Месностите во селскиот атар се познати како: Сенечки Рид, Чука, Брегови, Мрзаница, Старо Село и Тракањска Река.[3] ИсторијаПознато е дека селото било чифлиг на некој кочански бег. Пред 1925 година, селото се наоѓало во месноста Старо Село, на повисока надморска височина, на околу половича час пеш од денешното село. Истата година, селото било запалено во судир помеѓу српската полиција и комитите. Тогаш, селаните од сите 25 домаќинства се преселиле во подпланинското село Бања. Следната 1926 година, пет домаќинства од Бања се вратиле во атарот на раселеното село, но куќите не ги изградиле на местото каде што било старото село, туку го основале денешното село на пониска надморска височина. На тоа место, наречено Сенечки Рид, мештаните претходно имале сточарски колиби. Иселениците во Бања лете доаѓале во селото за да ја пасат стоката и да ги гнојат нивите.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пашаџиково живееле 100 жители, сите Македонци.[4] Според скопскиот митрополит Фирмилијан, во 1902 година во Пашаџиково имало 13 куќи во подаништво на Цариградската патријаршија.[5] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пашаџиково имало 88 Македонци патријаршисти.[6] Во таен извештај на бугарскиот конзулат во Скопје е наведено дека 14 од 28 куќи во 1904 година биле во подаништво на Цариградската патријаршија, а по Младотурската револуција во 1908 година биле под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[8] Според пописот од 2002 година, во селото Пашаџиково немало жители.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПашаџиково е македонско село. Родови во обновеното село се: Велковци (5 к.) чие далечно потекло е од селото Полаки. Родови во селото кои се иселиле во Бања и бројат вкупно 31 домаќинство се: Бојкови (8 к.), Анѓелови (6 к.), Алексови (4 к.), Ѓорѓијови (3 к.), Велкови (3 к.), Крстеви (2 к.), Митеви (2 к.), Паунови (2 к.) и Стојанови (1 к.). Родови од селото кои се преселиле во Лешки се: Чортановци (5 к.), Костадинови (4 к.), Ѓуровци (2 к.); во Нивичани се преселиле Шопови; во Мородвис Ѓорѓијови (2 к.) и Јовановци (1 к.); во Црвена Нива Стојанови (2 к.); и во Горни Подлог Сандовци (1 к.).[3] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година. Во XIX век, Пашаџиково било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Избирачко местоСелото е опфатено со избирачкото место бр. 869 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Лешки.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia