Црква „Св. Константин и Елена“ - Соколарци
Свети Константин и Елена — главна селска црква во кочанското село Соколарци, Македонија.[1] Црквата претставува парохиски храм на Соколарската парохија. МестоположбаЦрквата е сместена на сретселото. До 1913 година, околу црквата се наоѓале селските гробишта, кои оттогаш биле преместени и сега се наоѓаат западно од селото.[2] ИсторијаИзградена е во 1848 година, а во 1892 година била обновена.[3] Според истражувачот Јован Трифуноски денешната црква била изградена во 1880 година на место на постара црквичка која еднаш случајно била запалена („изгорела од свеќата на попот“).[2] Над самиот главен влез во црквата пак стои запишана годината 1890 како година на подигнување. ФрескоживописЦрквата не е зографисана.[3] Икони и иконостасИконите во црквата се од XIX век, дело на непознат автор.[3] Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[4][5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia