Црква „Св. Марина“ - Солун
Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот се наоѓа во населбата Горна Тумба, на истоимениот плоштад „Света Марина“. Градбата претставува трикорабна базилика со купола. Првиот храм, посветен на Света Марина, е изграден од малоазиските Грци доселени во 1922 г. и отворен е на 5 јуни 1927 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Со порастот на наелението, црквата станала премала и решено е да се подигне нов храм. Камен-темелникот на новата црква е поставен на 11 април 1971 г. од митрополитот Леонид Солунски и истата е отворена на 20 септември 1987 г. од Пантелејмон II Солунски.[2] Внатре има икона Богородица Парамитиска, подарена од светогорскиот манастир Ватопед на 31 март 2006 г.,[2] како и мошти на Кузман и Дамјан, черепот на Света Елена Понтска, донесен во храмот од митрополитот Константин Серски. Во подрумот на црквата е параклисот „Св. Елена Синопска“ и има културен центар. Параклис на ова црква е и храмот „Св. Ѓорѓи“ сместен на крај Солунската обиколница.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia