Црква „Св. Марина и Св. Антониј“ - Сер
Света Марина и Свети Антониј (грчки: Αγίων Μαρίνης και Αντωνίου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1] ![]() Црквата е сместена близу градските ѕидини, во маалото Запар Хане, на улиците „Етники Андистаси“ и „Агиос Андониос“. Првично била посветена само на Света Марина, а подоцна е додаден и Свети Антониј. Денес е попозната како „Св. Антониј“. На две мермерни плочи со крст е напишана годината на обнова на црквата — 1826. Во 1977 година при замена на дрвените столбови со бетонски се откриени делови од стариот средновековен храм на Света Марина. Внатре се чува десната ръка на светицата.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време.[2] Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата поради оригиналниот архитектонски стил и неговите украси.[2] Во парохијата влегуваат и „Св. Фотина“, „Св. Атанасиј и Св. Ефросинија“ и „Св. Никола“.[1]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia