Црква „Св. Никола“ - Глуво
Свети Никола — главна селска црква во скопското село Глуво.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село. Селските гробишта се наоѓаат во непосредна близина на самата црква.[2] ИсторијаЦрквата била подигната во 1855 година.[2] Според други извори, таа година била само обновена, кога била доѕидана припратата, која ги опфаќа сите страни на стариот храм, освен источната. Таа година, биле урнати западниот, јужниот и северниот ѕид на стариот храм до сводните партии.[3] Се верува дека стариот храм потекнува од 1306 година.[4] АрхитектураГрадбата се одликува со големи димензии.[2] ФрескоживописСтарото ѕидно сликарство е во духот на поствизантиските сликарски разбирања и потекнува од првата деценија на XVI век. Во текот на XIX век, Дичо Зограф изработил монументален живопис. Во ова живописување учествувале и други зографи, како што бил и Димитар Андонов-Папрадишки.[3] ИконостасЦрквата поседува иконостас, а иконите во него биле изработени од страна на уметникот Дичо Зограф.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia