Општина Чучер-Сандево
![]() ![]() ![]() Општина Чучер-Сандево (српски: Општина Чучер-Сандево) — општина во северниот дел на Македонија, основана во 1996 година. Седиште на општината е селото Чучер-Сандево. Ова е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Населена е со население од мешан етнички состав, предоминантно Македонци и Срби. На север и запад се граничи со Република Србија, на југ и исток со Град Скопје, а на североисток со Општина Липково. ГеографијаОпштинатата Чучер-Сандево се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на север од Скопје. Таа зафаќа површина од 235 км2 и има 8.493 жители. Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањане, Горњане, Кучевиште, Побожје и други. Покрај овие населени места, во општината има и три поголеми викенд населби: Бродец, Сенора и Голиово. ИсторијаОпштината како посебна единица на локалната самоуправа била формирана во 1996 година. Во атарот на селото се наоѓа изворот на стариот римски водовод со кој преку аквадуктот се снабдувале со вода римските касарни. Името на Сандево е добиено од народниот херој од Втората светска војна, Александар Урдаревски-Санде. Во селото Чучер е родена познатата уметничка Зорка Ацковиќ-Метикош, изведувач на македонски народни песни и ора, која преку својата работа во познатиот македонски ансамбл за народни песни и ора „Танец“, придонела за негување и зачувување на македонското национално културно богатство. Општината е богата и со многубројни манастири и цркви како што се св. Илија, св. Никита, св. Троица, св. Арангел. За љубителите на планините и убавата природа тука е и планината Скопска Црна Гора која нуди безброј трим патеки за планинарење и излетнички места. СтопанствоВо општината како најразвиена стопанска гранка е земјоделието, потоа рудникот Бањани, како и повеќе приватни фирми: браварски, тулани, столарски, градежни стоваришта, ресторани, трговија и др. ДемографијаСпоред последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Општина Чучер-Сандево брои 8.493 жители, чиј состав го сочинуваат:[2]
Општествени установиВо Општината Чучер-Сандево се наоѓаат следните основни училишта:
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Чучер-Сандево е Јован Пејковски кој бил повторно избран како независен кандидат на локалните избори од 2017 година за трет мандат од четири години.[3] Советот на општина Чучер-Сандево е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 3 места ВМРО-ДПМНЕ: 2 места ДУИ: 1 место АА: 1 место Независни: 4 места Редовни настаниЛичностиКултура и спортСекоја година во август во село Глуво се одржува Меморијален турнир Љубомир Рајчевски-Рајче во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Главен покровител на турнирот се граѓаните на село Глуво. ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia