Црква „Св. Никола“ - Градец
Св. Никола — православна црква во кривопаланечкото село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е изградена во 1857 г. Претставува голема еднокорабна градба со отворен трем од западната и делумно од јужната страна. Од јужната страна во источен правец е доизградена затворена трапезарија. Се вели дека во црквата се наоѓале „одаи“ за секое од маалата на селото, но и за селаните од соседните села Габар, Огут и Метежево. Живопис и икониХрамот бил целосно живописан, и од нив сочувани се дел од фреските, меѓу која најзначајна е Симнување од крстот. Нивен автор е Ѓорѓи Јереј. Резбаниот иконостас, иконите на него и резбаните царски двери со позлата се дело на мијачкиот мајстор Евгениј Поп Кузманов, кој ги изработил во 1869 г.[1] Поп Кузманов ги изработил и иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата. Иконата на Свети Ѓорѓи е насликана „ ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia