Црква „Св. Никола“ - Граче
Свети Никола (грчки: Αϊ Νικόλας ο Πετρίτης) — црква кај селото Граче, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Првобитно била храм на некогашен манастир.[1] Црквата се наоѓа на мал рид кај Граче. Во близина се остатоците од дреновмакедонскиот град Ватина. Претставува мала еднокорабна црква од камен. Изградена е во 1417 г. во византиски стил, без припрата и со висока полукружна апсида на исток. Освен неа, има мали ниши за ѓаконик и проскомидија. Има димензии од 7 м во должина, 4 м во ширина и 5 м во висина. Покривот е сводест и покриен со камени плочи, сличен на оној на црквите „Св. Стефан“ (IX век) и „Св. Бессребреници“ (XII век) во Костур. Ѕидаријата има керамопластични украси. Ктиторскиот натпис над западната врата гласи: „Се изгради во година 6925 = 1417“ (ΕΚΤΙΣΘΗ ΕΝ ΕΤΗ ΣΤϠʹΚΕ).[2] Храмот неколкупати страдал од палежи и инциденти.[3][4] Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia