Црква „Св. Никола“ - КлисураЗа истоимената црква во истоименото село во Костурско, видете Црква „Св. Никола“ - Клисура (Костурско).
Свети Никола — главна селска црква во демиркапиското село Клисура, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа во некогашното Средно Маало, а над нејзе се простира познатата Долина на кактусите. МестоположбаЦрквата е сместена источно од селото, во негова непосредна близина.[2] До црквата може да се стигне преку асфалтен пат, кој започнува од самото сретсело во Клисура. ИсторијаЦрквата била подигната во XIX век.[2][3] АрхитектураАрхитектонски, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. Средишниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено-сива боја. Корабите се создадени со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата е изградена галерија. Главниот влез на црквата е од јужната страна, а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија. ФрескоживописЦрквата била фрескоживописана во 1879 година, што е испишано на натписот на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. Живописот бил изработен од браќата Вангел, Никола и Коста од Крушево.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia