Црква „Св. Никола“ - Раковец
Св. Никола — православна црква во велешкото село Раковец, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. АрхитектураЦрквата е изградена во XVII век во центарот на селото. Ова е еднокорабен храм со полукружна апсида на исток и дограден затворен трем на западната страна. Засводена е со полукружен свод. Влезот е од запад.[1] Светлината влегува низ едно прозорско окно на северниот ѕид и низ друго на источната страна над апсидата. Градена е од кршен камен. Храмот е наполно малтерисан, а покривот е со сменети ќерамиди.[2] ЖивописНатписот на северниот ѕид вели дека храмот е реновиран во 1974 г. Тогаш невештиот зограф Миле Ристовски од Прилеп го прецртал изворниот живопис од XVII век. Според проучувањата направени во 1972 г. од екипа на Националниот конзерваторски центар, оригинални фрески од XVII век имало во апсидата — Богородица Ширшаја небес и Свети Василиј Велики, а во проскомидиалната ниша е Исус Христос.[2] Иконите од дворедниот иконостас се од 1884 г. и се дело на прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки, за што сведочи наговиот потпис на престолната икона на Свети Никола: „отъ руки Димо зуграфъ отъ Папрадища 1884 декември 22“.[2][3] Иконата на Исус Христос исто така е од 1884 г.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia