Црква „Св. Никола“ - Топлица
Св. Никола — црква во прилепското село Топлица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е подигната и живописана во 1860 година. Има убав иконостас од времето на преродбата. Живописци се Ангелко и Велјан Андонови од Папрадиште. Претставува трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Црквата е обновена во 1892 година, кога на западната страна е дограден трем.[1] Антички сполииВо црквата има наоди од римско време. Во олтарот на црквата како чесна трпеза служи мермерна ара (олтар) која на челната страна има три бисти и коњаник претставени во плиток релјеф. Во припратата како основа на столб е поставена надгробна стела од бел мермер со едикула во која има 4 фигури обработени исто така во плиток релјеф. Покрај нив има фрагмент од уште една стела на која во едикулата оддесно налево се гледаат две фигури без глави, во стоечка положба, и трета зачувана во долниот дел. Под фигурите има поле со старогрчки натпис во 5 реда.[2]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia