Топлица (Прилепско)
Топлица — целосно раселено село во областа Раец, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. ИсторијаПодрачјето на Топлица е населено уште од римско време, за што сведочат бројните наоѓалишта околу селото. Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. ГеографијаСелото се наоѓа во областа Раец, во територијата на Општина Прилеп, во една од јужните падини на планината Бабуна и од левата страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Расположено е на надморска височина од 900 метри и од градот Прилеп е оддалечено 25 километри. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 420 жители, сите Македонци. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, додека според пописот во 2002 година во селото живеат само 5 жители, Македонци. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Топлица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 65 куќи.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3] Според последниот попис од 2021 година, во селото Топлица немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТоплица е македонско село. Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1426 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Тројаци.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[10] Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоОд 1900 до 1912 година од ова село се иселиле на следните места. Прилеп (12 семејства), Крагуевац, Русе, Романија и САД.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia