Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (1972)За истоимената црква од XXI век, видете Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013).
Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Историја![]() Храмот се наоѓа во населбата Кастра, во јужниот крај на истоименото маало Свети Павле (Агиос Павлос), до Пашините градини и под булеварот „Охи“. Тамен-темелникот на храмот е поставен во 1919 г. по иницијатива на Солунското добротворно машко друштво и црквата е завршена во 1922 г. по проект на видниот архитект Ксенофон Пеонидис. Денешната црква е подигната во 1972 г. и зафаќа површина од 4.300 м2. Во црковниот двор има свет извор со мала пештера, во која според преданијата се криел Апостол Павле кога бил гонет од солунците.[1] Во 1988 г. општината решила дека црквата треба да се сруши, но по интервенцијата на министерот за Македонија и Тракија, Стељос Папатемелис, таа е оставена. Храмот бил центар на парохијата сè до 1992 г. Истата година почнала изградбата на нов парохиски храм на стотина метри јужно.[2] Во 2013 г. старият храм и зелениот појас пред него се обновени. Црквата е одново живописана, а во олтарот се направени важни интервенции.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia