Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013)За истоимената црква од XX век, видете Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (1972).
Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ИсторијаХрамот се наоѓа во населбата Кастра, близу Солунското добротворно друштво. Сместен е на рид јужно над истоименото маало Свети Павле со поглед на градот и Солунскиот Залив. Камен-темелникот е поставен на 8 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски и отворена од истиот епископ на 2 ноември 1997 г. Изградена е на парцела со површина од 4.400 м2, пдоарена од Солунското добротворно друштво во 1980 г. До 1992 г. парохијата била со центар во друг храм, на околу 100 м северно од овој. Во 1988 г. општината сакала да го сруши, но тука се вмешал министерот за Македонија и Тракија Стељос, Папатемелис и со тоа е зачуван.[2] АрхитектураГрадбата претставува крстокуполен храм кој преминува во ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Има трика ката поради наклонот на теренот, со вкупна висина од 38 м. Подрумот зафаќа 600 м2, а катовите зафаќат 1.200 м2. Идејата за трите ката е дело на инженерот Сотирис Кувелас. Во зградата има 6 училишни простории, 2 свечени сали и сала за неделно училиште.[2] Во црквата се чуваат мошти од Апостол Павле, како и вредна икона на Богородица од непознат автор, датирана на 14 февруари 1881 г.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia