Црква „Св. Пантелејмон“ - Арсакли
Свети Пантелејмон (грчки: Αγίου Παντελεήμονος Πανοράματος) — црква во солунското предградие Арсакли, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата се наоѓа на улица „Фармакис“ бр. 27 во маалото Номос 751. Камен-темелникот на храмот е поставен на 15 септември 1997 г., а црквата е отворена на 15 септември 2002 г. од митрополитот Пантелејмон II. парцелата од 6 декари е дадена за училишна зграда согласно законот 751, со кој во 1952 г. се дава земја на војници од Грчко-италијанската, Втората светска и Граѓанската војна. Во 1990 г. оваа парцела е предадена на црквата, а парцелата предвидена за црква му е дадена на улилиштето. Во прво време храмот бил параклис на црквата „Св. Ѓорѓи“, но со своја управа. Во август 2006 г. е издаден претседателски указ со кој „Св. Пантелејмон“ е прогласен за парохиска црква.[2] Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил, дело на архитектот Василиос Папас. Митрополитот Пантелејмон ΙΙ настојувал храмот да се нарече така бидејќи епархијата немала парохиски храм посветен на Свети Пантелејмон, а митрополијата имала мошти на тој светец, сместени во храмот. Внатре се чува извезена папуча на Свети Дионисиј Закинтски, а во црковниот двор има параклис посветен на Свети Дионисиј. Црквата има и параклис „Воздвижение на Чесниот Крст“ во маалото Топографи.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia