Арсакли
Арсакли (грчки: Πανόραμα, до 1928 Αρσακλή, Арсакли[2]) — предградие на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Во 2021 г. населението броело 17.679 жители. ГеографијаНаселбата се наоѓа во југоисточниот дел на Солун, во западното подножје на планината Хортач. Позната е како едно од местата со најскапите недвижности во северниот дел на државата. Поврзана е со селото Хортач и предградието Пејзаново на север и со предградието Капуџилар на југ. ИсторијаВизантиско времеВо маалото Платанаќа се најдени остатоци од осум воденици од византиско време поставени на стрмниот терен кои придвижувале производствени погони. Во Отоманското ЦарствоВо XIX и почетокот на XX век Арсакли било турско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аксакли (Аксаклѫ) броело 205 жители, сите Турци.[3] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни населението се иселило од Арсакли, па затоа во 1913 г. се води како напуштено.[4] Истата година влегло во составот на Грција. Според Боривое Милоевиќ, пред иселувањето Арсакли имало 15 турски куќи.[5] Во 1914 г. во него се доселиле првите грчки колонисти, дојдени од Пига во Мала Азија. На пописот од 1920 г. евидентирани се 133 жители.[4] Подоцна се доселени уште Грци, овојпат од Понт и Кавказ.[4] Во 1928 г. е преименувано во Панорама поради убавата глетка кон Солун. Истата година е заведено како дојденско село со 155 семејства сочинети од 549 жители.[6] Во 1968 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“ која се градела уште од 1928 г.[7][8] Во 1957 г. на извесно растојание северно од Арсакли е основан манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Значителниот пораст на населението се должи на приливот на жители во атарот на Арсакли во нови маала. Во 1961 г. тука никнале населбите Ампелон и Платанаќа кои набргу се споиле со селото и престанале да се водат како одделни.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia