Црква „Св. Пантелејмон“ - Брест

Свети Пантелејмон

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Осма приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°37′00″N 22°19′00″E / 41.61667°N 22.31667°E / 41.61667; 22.31667
Место Брест
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Пантелејмон
Архитектонски опис

Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Брестечкиот манастир во штипското село Брест, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа на половина пат кон селото Брест од исклучувањето од регионалниот пат 1204, сместена од неговата десна страна.

Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.[2]

Историја

Според Археолошката карта на Македонија, оваа црква била подигната на постари темели во 1923 година, откако на нејзино место се наоѓа истоимената средновековна црква.[3]

Според податоците на Брегалничката епархија, црквата била изградена во 1994 година и била осветена истата година на 15 мај од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Веселинов, Драган; Нацев, Трајче (2020). „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. Посетено на 1 март 2025.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 429. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2025-02-20.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya