Свети Пантелејмон е главната селска црква во мавровското село Никифорово.[1] Црквата е изградена во 19 век, додека на плочата на влезот на црквата е запишано дека во 1923 година ја обновил српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. За време на српската окупација на Македонија, црквата се наоѓала во рунирана состојба. Но на иницијатива на тогашниот сенатор Угрин Јоксимовиќ, кој имал порекло од мавровскиот крај и кој бил близок пријател на семејството Караѓорѓеви, кралот неколику пати подарил средства за обнова на разрушената црква и на самото село Никифорово, кое било повеќепати палено во изминатиот период.
Една од најстарите сочувани икони е „Носила Исуса Христос“, која ја донеле некои руски свештеници. Ово свето место во повеќе наврати било гранатирано и било доста оштетено за време на Втората светска војна. На иницијатива на жителите на Никофорово и со финансиска помош на фирмата „Електро Маврово“ црква во 1991 година уште еднаш била обновена. Секоја година на патрониот празник на црквата се одбележува празникот со литургија и општонародна веселба која трае 2 дена.[2]
Наводи
Галерија
-
Дел од внатрешноста
-
Црковниот иконостас
-
Влезот во црквата
Поврзано