Црква „Св. Петар и Павле“ - Папрадиште
Свети Петар и Павле — главна селска црква во велешкото село Папрадиште, Општина Чашка.[1][2] Црквата се наоѓа во самото село, а истата е прогласен за заштитен споменик на културата. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. ГрадбаЦрквата е трикорабна градба, со полукружна апсида. Корабите се поделени со по четири столбови. Над средишниот кораб има три поголеми калоти, а над страничните по шест поплитки калоти. Во западниот дел е сместена галерија на спрат, т.н. „женска црква“. Црквата е изградена од камен во долниот дел и е целосно малтерисана. ИсторијаЗа подигнувањето на црквата не постојат точни податоци. Иако е наведено дека била изградена од познатиот градител Андреј Дамјанов во 1875 година, а била зографисана од Димитар Андонов - Папрадишки и Ѓорѓи Зографски,[3] сепак првите податоци се од 1901 година кога се споменува дека била извршена поправка/обнова на црквата. Најверојатно, постоела постара црква од каде се пренесени и дваесетината икони. Исто така, градител на црквата според усните преданија е Ѓорѓија Џонгар од самото село, кој водел своја тајфа. ЖивописОд старио живопис зачувани се бистата на Исус Христос во средишната калота и фреската со ликовите на патроните на црквата, Свети Петар и Павле, во нишата над јужниот влез, кои биле насликани од Димитар Андонов - Папрадишки во 1934 година. Останатиот дел од црквата е насликан во 1969 година од самоук сликар, Доне од селото Гари. ИконостасМногу повреден е самиот иконостас на црквата, изработен во 1934 година од последните македонски зографи по потекло од Тресонче, Димитар Андонов - Папрадишки и Ѓорѓи Зографски. Папрадишки изработил 25 икони, кои се поставени во иконостасот, како и 8 престолни икони на Зографски. ИкониИконите во црквата се направени од страна на двајца зографи, Димитар Андонов - Папрадишки и Ѓорѓи Зографски, кои долги години не биле одржувани и биле оставени во т.н. „женска црква“ во горниот дел на црквата, а дел од нив и на самиот таван, со што биле надвор од очите на јавноста и губеле на квалитет. Во 2011 година се започнал проект за реставрација на девет највредни икони од страна на Националниот конзерваторски центар во Скопје.[4] Состојбата на иконите надвор од иконостасот е во исклучително лоша состојба и било решено да се заштитат иконите посветени на Благовештение, Исус Христoс, Св. Петар и Павле, Св. Јован Крстител и Богородица со Исус. Во најголем дел овие икони се дело на Димитар Андонов - Папрадиште, а мал дел се од непознат автор, но сите се вредни.[4] Сепак, и иконите во иконостасот се соочуваат со проблеми, бидејќи самиот иконостас е нагризан од црвоточина. Во иконостасот се наоѓаат икони на Зографски, кои се во лоша состојба, нападнати од инсекти со голема веројатност да се уништат.[4] Во текот на 2013 година, биле конзервирани уште седум вредни икони со средства од Министерството за култура на Македонија.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia