Црква „Св. Петар и Павле“ - Тушилово
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква во селото Тушилово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во втората половина на XIX век. Претставува трикорабна базилика типична за македонските цркви од своето време. Има затворен трем и галерија на западната страна. Има внатрешни димензии од 13,70 × 9,85 м. Апсидата на исток е полукружна, а во северозападниот дел има камбанарија. Има влезови од запад и југ со сводести камени рамки и фрески на покровителите Петар и Павле над нив. Внатрешноста на црквата е битно променета со подноцнежни интервензии. Од дрвените украси останале само иконостасот и амвонот. Таваните се дрвени.[1] Во храмот има икони од зоградот Димитар Вангелов од Петрово.[2] Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia