Црква „Св. Петка“ - Бели
Света Петка – црква во селото Бели. Сместена е во месноста Црквиште, во близина на основното училиште. ИсторијаЦрквата била изградена на темелите на постар храм. Осветувањето било извршено на 13 септември 2020 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата има шестаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Влезот во црквата се наоѓа на западна страна, а пред него има отворен трем. На северниот и јужниот ѕид има по две хоризонтално поставени монофори. Објектот во целост е обоен во црвена боја и е покриен со кров од ќерамиди. На делот од кровот каде што тремот се спојува со главниот дел од црквата е надграден лак над којшто има крст. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има трпезарија. Галерија
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia