Црква „Вознесение Христово“ - Бели
Вознесение Христово – главна селска црква во селото Бели.[1] Сместена е на височина во средишниот дел на селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1870 година, но не познато кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 19 век од страна на зографот Захариј Самоковец и други непознати творци. Внатрешноста на црквата не била зографисана.[2] Во март 2013 година, започнала обнова на црквата со средства прибрани од мештаните.[3] Во април 2015 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени 1.500 денари.[4] Рушење и обноваВо декември 2020 година, објектот во целост бил срушен за на негово место да се изгради нов. Црковниот одбор донел одлука изградбата на новиот објект да се врши со поддршка од селаните, така што секое семејство би било задолжено во просек да учествува со 200 евра годишно сè додека трае обновувањето. Планирано било новата црква да биде изградена на темелите на старата, со истите големини, а новина би била изградбата на купола со којашто би се подобрил изгледот на црквата и подобро би се осветлила внатрешноста.[5] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia