Црква „Св. Петка“ - Велгошти
Света Петка — манастирска црква на Велгошкиот манастир „Св. Петка“ во охридското село Велгошти.[1] МестоположбаЦрквата е сместена над селото Велгошти, на патот кон другиот селски манастир „Св. Илија“.[2] Изградена е на ридот Олмец.[3] ИсторијаПод сегашнава градба на црквата се пронајдени остатоци од малтер на пештерска црква.[3] Црквата била изградена пред крајот на турската власт.[2] На средната страна од надворешниот ѕид на петостраната апсида е забележано следново:[3] „Света Петка. Изградена по повелба на цар султан Абдул Хамид. Помош на народот во времето на игуманот Наум Илинчев. Во летото 1890 22 мај“. Била проширена во 1922 година.[3] ЛегендаЛегендата за изградбата на црквата вели дека селаните најпрвин решиле да ја градат црквата посветена на Света Петка на различна локација од денешната, но Света Петка две ноќи по ред го рушела сработеното. Третиот ден, мештаните поставиле стража и дознале дека Света Петка го руши сработеното бидејќи истата сакала да биде подигната на денешната положба.[3] АрхитектураЦрквата била градена од камен. Нејзините димензии се 8 метри должина, 3 метри ширина и 6 метри височина.[2] Претставува едноброда базилика со две куполи.[3] ИконостасПоседува иконостас, кој е нов, но поседува икони кои се заштитени од страна на Управата за заштита на културното наследство, меѓу кои се вбројува Богородица со Христос.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia