Црква „Св. Преображение“ - Битуше
Свето Преображение (Преображение Христово) — црква во мијачкото село Битуше, Општина Маврово и Ростуше, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Дебарското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е сместена во подножјето на Крчин, над реканските села Битуше и Ростуше, недалеку од границата со Албанија. За неа постои предание дека влезот ѝ е од Албанија, а наосот е во Македонија,[1] но границата е впрочем подалеку, и целата црква е на територијата Македонија. Изградена е од месниот градител Саре Јаковов.[2] Иконите во храмот се дело на дебарскиот мајстор Саве Поп Божинов од Селце.[3] Според месна легенда, секоја година на храмовиот празник 18 август нешто огнено и црвено се спушта од кон истоимениот храм „Св. Преображение“ во с. Ербеле, денес од албанска страна.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia