Црква „Св. Преображение“ - Костемар
Свето Преображение (грчки: Μεταμορφώσεως του Σωτήρος Κωστοχωρίου) — црква во селото Костемар, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија и е наследник на поранешниот манастир „Пресв. Богородица Пчеларка“ (Μονή της Παναγίας του Μελισσιού). НатписЦрквата е изградена во 1971 г. на местото на храмот на поранешниот манастир „Пресв. Богородица Пчеларка“. Овој храм бил подигнат во 1745 г. на местото на постар храм за време на митрополитот Јоаким според натписот на белата мермерна плоча вградена однадвор на јужниот ѕид од новиот храм.[1][2] Датумот на изградба е или 13 или 17 јули, во зависност од тоа дали ιζ се арапски или грчки бројки. Сепак, натписот има сличности со оној на „Св. Петар и Павле“ во Костемар од истата 1745 г., каде авторот користи само грчки бројки. Исто така, од текстот дознаваме дека манастирот имал обител, бидејќи игуменот Герасим и јеромонасите Герман и Кузман се ктитори, а монасите помогнале со свој труд при изградбата на храмот.[3] Во обновата со свои средства учествувале „берските првенци и христијани“.[4] Сличен е и натписот од „Св. Никола“ во Горна Лужица од 1750 г., што говори за постоењето на работилница за обнова на цркви во околината во тоа време.[5] ДокументиВо зачуваната кондика на Берската митрополия во која се чуваат тестаменти, брачни договори, трговски договори, финансиски регистри и административни актови на митрополијата од периодот на митрополит Даниил (1769 – 1799) до третата четвртина на XIX век. Се чува тестаментот на Марија, ќерка на Пантазис и Бухуро, наречена Андруда, од 4 октомври 1800 г., со која ги отстапува сите средства на различни луѓе, цркви и манастири и други установи. На манастирот „Пресв. Богородица Пчеларка“ му остава пет гроша,[6] од што може да се заклучи дека манастирот бил меѓу позначајните во тој крај.[7] На 1 септември 1810 г. е изготвен тестаментот на монахот Митрофан, игумен и надзорник на манастирот „Пресв. Богородица Пчеларка“, кој си поднел оставка. Тестаментот, исто така зачуван во митрополиската кондика, е потврден од епитропот на Берската митрополија Хрисант, од архиѓаконот Антим, од јеромонасите Дамаскин и Методиј, како и од седум свештеници од епархијата кои се потпишале како сведоци.[7] Во истата кондика има друг тестамент во полза на манастирот — тој на Хаџи Киркос од Бер, кој на 5 февруари 1811 г. на манастирот му подарил една четвртина од неговите права врз камена мелница во Камбаниската епархија меѓу Триховишта и Скилич за гледање како монах во манастирот на стари години. Тестаментот исто така е потврден од Берската митрополија.[8] Игумен на манастирот тогаш бил Методиј, еден од сведоците на тестаментот на неговиот претходник Митрофан. Можно е ова да бил последниот игумен на манастирот пред неговото уништување во Негушкото востание во 1822 г.[9] Фактот што тестаментите на Митрофан и Хаџи Киркос се заверени во Берската митрополија говори за тоа дека манастирот бил самостоен, а не потчинет на Добренскиот.[10] По востанието манастирот не е обновен[9] и не се споменува во никакви документи освен во спомените на стари жители на Костемар и Чорново.[11] Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia