Триховишта
Триховишта (грчки: Καμποχώρι, Камбохори; книжевно: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1927 година: Τριχοβίστα, Триховиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на шест километри западно од градот Гида, крај главниот пат што води од Гида за градот Бер, на надморска височина од 20 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 15 квадратни километри. Сместено е во областа Урумлак. ИсторијаТриховишта во минатото било мала чифлигарска населба.[3] По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Триховишта се смета за мешана населба со 50 бегалски семејства со вкупно 206 жители.[4]. Во 1927 година селото е преименувано во Камбохори (Καμποχώρι). СтопанствоЗемјиштето е многу плодно и целосно се наводнува. Населението главно се занимава со земјоделство, а основни производи се памук, шеќерна репка и други производи.[3] НаселениеСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Трихлево е село во Берската каза и во него живееле 200 Грци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трихлево (Trihlevo) живееле 320 Грци.[6] Постои голема веројатност К’нчов и Бранков да ги имаат помешано Триховишта и Трихлево (Општина Гида). Во пописот од 1913 година во селото биле забележани 206, а во 1920 година 259 жители. По 1923 година во селото биле сместени 50 бегалски семејства со вкупно 206 жители. Така селото пораснало и во 1928 година како мешана населба имало 478, а во 1940 година 659 жители. Во пописот од 1951 година биле забележани 772, во 1961 година 824, во 1971 година 791, во 1981 година 876, а во 1991 година 916 жители.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 768 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 690 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Триховишта, во кој е единствено село. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia