Црква „Св. Преображение Надворешно“ - Негуш
Свето Преображение Надворешно (грчки: Μεταμόρφωση του Σωτήρος, έξω Αγιος Σωτήρας) — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата се наоѓа на неколку километри југозападно оД градаот, по патот за Долно Шел. Сместена е на надморска височина од 600 м во пазувите на Каракамен. Во минатото била црква на манастир кој повеќепати бил рушен од Турците. Обновена е во 1906 г.[1] Градбата претставува камена трикорабна базилика без купола.[1] Во храмот има две фрески на негушкиот зограф Димитрис (Такис) Скупер[1] (1990), сместени крај влезот. Иконите на иконостасот и Христос Седржител се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу. Има и дела на зографот Такис Хасјурас, како и на непознати постари зографи.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia