Црква „Св. Спиридон“ - Зеленград
Свети Спиридон — главна манастирска црква во рамки на Зеленградскиот манастир. МестоположбаЦрквата се наоѓа на самата атарска граница на кратовското село Луково и пробиштипското село Зеленград. ИсторијаИзградбата на црквата започнала во 2006 година, а уште истата година била живописана. Осветена била заедно со манастирот на 21 јули 2007 година од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.[1] АрхитектураГрадбата има правоаголна основа и се состои од два дела. Првиот дел кон којшто води влезната дрвена врата е понизок. Над влезната врата е живописан ликот на Свети Спиридон. На предниот ѕид од вториот дел се наоѓа уште една влезна врата. Црквата е изградена од камен и тули, и целосно покриена со ќерамиди. Внатрешноста е живописана од страна на зорафите Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина.[1] На една од фреските е прикажано Успението на Пресвета Богородица. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна пред самата црква. Таа се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и содржи два ката. Фасадата на првиот кат е од камен и до овој дел води влезна врата на предната страна од градбата, додека од левата страна има два отворени прозорци. Фасадата на вториот кат е малтерисана и е обоена во бела боја, при што во средината на страните има прозорец. Вториот дел има осумаголна основа и се состои од осум дрвени столбови што се издигаат по средина од кровот на првиот дел. Во овој дел е сместено ѕвоното. Двата дела се покриени со ќерамиди, а на врвот од камбанаријата има крст. Скалите до вториот дел се поставени странично, од десната страна на градбата. Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia