Црква „Св. Тодор“ - Долно Броди
„Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат и Свети Јован Богослов“ или Свети Тодор (грчки: Αγίων Θεοδώρων και Αγίου Ιωάννου του Θεολόγου) — црква во селото Долно Броди, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е изградена во 1835 г. на ритче на северниот крај на селото, близу селските гробишта.[1] Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем од западната и дел од јужната страна.[1][2] Има димензии од 18 × 11,80 м.[1] Годината на изградба е напишана на плоча вградена во југоисточниот агол, а на источниот ѕид има керамички натпис со истата година.[1] Внатрешноста има украсени тавани, исклучителен иконостас (но само во делот на средниот кораб) и шарено обоена ограда на женската црква.[1][3] Иконите во храмот датираат од 1839 и 1863 г.[1] На почетокот на XX век црквата со целото село била под врховенството на Бугарската егзархија. Во извештај поднесен на митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:
Во 1993 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia