Црква „Сретение Господово“ - Солун
Сретение Господово (грчки: Ιερός Ναός της Υπαπαντής του Κυρίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата се наоѓа во градскиот центар, на раскрсницаа на улиците „Егнатија“ и „Агапинос“, спроти Сводот на Галериј и храмот „Пресв. Богородица Десна“. Во истото подрачје се наоѓал и Јоиловиот манастир, посветен на Богородица, кој на почетокот на XVI век станал метох на манастирот „Св. Анастасија Узорешителница“ на Халкидик. Во 1531 г. Јоиловиот манастир е урнат, но потоа обновен од игуменот „Св. Анастасија“ Теона, кој подоцна станал солунски епископ.[1] Храмот „Сретение Господово“ е изграден во 1841 г. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Ѕидаријата на источниот ѕид и во долните делови на западниот и јужниот е декоративна со наизменични делкани камења и тули. на северната страна се вградени мермерни фрагменти од римски и византиски скулптури и дел од натпис од 1272 г., на кој е споменат византиски офицер. Внатре трите кораби се поделени со дрвени столбови. Дрвената галерија (женската црква) има потковичест облик и е не само на запад, туку делумно оди и во страничните кораби. Во храмот има вреден резбан инвентар од XIX век.[1] Царските двери со претстава на Благовештението се од XVI век, дело на мајстор од Критската школа.[1] Иконата на Сретението Господово од 1888 г. е дело на Георгиос Атанасиу од Галачишката школа.[2] В 1843 - 1844 г. на црквата работеле претставници на Кулакиската школа. Димитриос Ламбу ги насликал Михаил Солунски (1843), претставен во архаична облека, и Свети Јован Претеча (1844).[3][4] Неколку икони од 1844 г. се дело на Константин Ламбу, а карактеристична е неговата икона на Христос Седржител, чие лице е во традицијата на Кулакиската школа, но наборите на облеката се во светогорската традиција.[5] Подоцна, во 1890-тите на храмот работел и друг кулакиски мајстор — Митакос Хаѕистаматис.[6] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia