Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари — главна селска црква во дебарското село Гари. Изградена е во XIX век. Црквата претставува правоаголна базилика. Црквата се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Црквата во Гари, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. ИсторијаЦрква била завршена во 1860 година, а на самата црква за нејзино фрескоживописување работеле мајсторите Дичо Зограф, син му Аврам Дичов и ученикот Петар Јованович. Во богатиот иконостас на црквата се наоѓаат и икони изработени од Дичо Зограф во периодот 1857-1866.[1] Сепак се верува дека црквата во Гари е многу постара, околу три века.[2] Црквата била осветена во 1866 година. КражбаВо септември 2011 година во црквата била извршена тешка кражба, каде биле одземени два метални крста, седум „Ареолиот“ икони, пет сребрени икони од внатрешноста на олтарот и околу 4.000 денари.[3] ВнатрешностФрескоживописЦрквата се одликува со доста богат и зачуван фрескоживопис. Фреските во црквата се наоѓаат насекаде и нема ниедно празно место, па така дури и на горниот кат во црквата се наоѓаат интересни и богати фрески. Сите фрески од црквата се изработени од страна на Дичо Зограф, неговиот син Аврам Дичов и ученикот Петар Јованович. Една одлика на црквата е окото нацртано во триаголник, за кое се верува дека ве следи било како вие да се движите. Овој симбол најчесто се поврзува со слободното ѕидарство, но сепак не може да се поврзе веднаш со тоа. Покрај овој знак, во црквата се наоѓа и сонце со 16 краци на сонцето, кое селаните го сметаат за симбол на Мијачко.[2] Дичо ги насликал фреските во внатрешноста на црквата, која е позната по тоа што на еден свој свод ја има фреската на Богородица со ангелски крилја, што е редок мотив во македонските цркви. Фрескоживописот бил обновен во текот на 1986 година. ИконостасПокрај богатиот фрескоживопис, за иконостасот се погрижиле познатите копаничари Петре Филиповски Гарката и неговите браќа Марко и Јован Филиповски, кои потекнуваат од Гари. ПредметиВо црквата се чуваат и коски донесени од Ерусалим, за кои се верува дека носат здравје и живот.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia