Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Кочан
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1] Жителите на селото се Грци од Источна Тракија (Турција), дојдени од селото Димокранија (Ѓузелџе) и во 1923 г. Тие се населиле во селото Кочан во кое дотогаш живееле Македонци-муслимани. Тамошната џамија ја претвориле во црква и во неа ја донеле скапоцената икона „Пресвета Богородица Димокраниска“. Во 1950-тите поради свлечишта се преместиле надолу и го основале новото село Долно Кочан.[2] Парохиската црква „Успение на пресв. Богородица“ е подигната на висок рид и доминира во центарот на селото и претставува трикорабна базилика. Камен-темелникот е поставен на 15 декември 1961 г. од митрополитот Амвросиј Правишки. Отворена е на 23 септември 1973 г. од истиот митрополит. Во храмот се чува чудотворната икона на Богородица донесена од Димокранија во Турција.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia