Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кочан (Правишко)
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου - Ακροβουνίου) — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е поранешната џамија на селото,[1] кое до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2] Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, домородното население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од источнотракиското село Димокранија (Ѓузелџе).[3] Дојденците ја претвориле џамијата во црква, минарето го претвориле во камбанарија,[1] а во храмаот ја поставиле чудотворната икона „Пресвета Богородица Димокраниска“.[3] Во 1950-тите, поради свлечишта дојденците се населиле во Долно Кочан, каде изградиле „нова истоимена црква“.[1] Црквата е обновена во 2009 г. и на 16 септември 2009 г. во неа е одржана служба на која чиноначалствувал митрополитот Хрисостом Правишки.[3] Старата црква, заедно со Кочанскиот мост се единствените преостанати градби во старото село.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia