Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Здралци
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ναός της Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Здралци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и претставува енориска црква на Рупишкото архијерејско намесништво.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на јужниот крај на селото. ИсторијаЦрквата е најстариот храм на Здралци по гробишната црква „Св. Никола“, каде било старото место на селото. По постепеното преместување на селото на сегашното место на крајот од XVII и почетокот на XVIII век, околу 1820 – 1830 г. за време на поп Јован (родоначалникот на семејството Попјаневи, грч. Папајоану) е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“. Годините 1820 – 1830 се обележани на нов натпис на храмот. Црквата е реновирана во 2001 г. за време на попот Николас Димитријадис.[1] Храмот има вреден делумно резбан иконостас со преродбенички икони и царски двери.[1] Свештеници на храмотСите свештеници освен најновите двајца биле етнички Македонци.
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia