На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша ЈанинскиФрансоа Пуквил го спомнува селото како Sdreotza.[4] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) веи дека Стралица се состои од 30 македонски куќи, 45 семејни двојки и 75 нуфузи (глави на семејства). Жителите се занимавале со земјоделство, градинарство и обработување на туѓа земја.[5][6]}}
Според Георги Константинов Бистрицки, Здрелца пред Балканските војни имало 90 македонски куќи.[5][14]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Зрелци имало 50 куќи на македонски христијани.[15]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 246 жители, кое во 1920 г. се згоелмило на 311.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Амбелокипи. На пописот од 1928 г. во Здралци се заведени 345 лица.[3]
Населението произведува жито, грав и градинарски култури.[3]
Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.[3]
Месности во Здралци преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
„Св. Никола“ — параклис и скит (испосница) на стрмна карпа во планината, 3 км источно од селото
Личности
Отец Иван Шишков
Родени во Здралци
Анастас Димитров (Αναστάσιος Δημητρίου) — андартски деец от ІІІ ред[17]
Васил Бацелов (Βασίλειος Μπατσέλας) — андартски деец, четник на Григорис Фалиреас (Закас)[17]
Иван Шишков (1876 – 1957) — просветен и духовен деец
Козма Николов — кмет, убиен заедно со татко му Никола на сретселото од андарстскиот капетан Лаки Дељо на 31 јули или 1 август 1905 г[18][19]
Пандо Василев — учесник во МОО, II чета на VIII Костурска дружина, ранет во Втората балканска војна на 8 јули 1913 година, носител на бронзен медал[20]
Христо Атанасов — учесник во МОО, 27-годишен, II чета на VIII Костурска дружина, загинал на 6 ноември 1912 г. кај Дедеагач[21]
Јане Георгиев Јанев (на 75 години на 9 март 1943 г) — учесник во Илинденското востание со четата на Васил Чакаларов и борбата кај Черешница,[22] преземањето на Невеска, преземањето на Клисура и борбата кај Прекопана. Водел битка и кај Горно Броди под команда на полковникот Анастас Јанков.[23]
Јане Динков — учесник во МОО, VIII Костурска дружина[24]
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 7.
↑Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 299. ISBN978-619-9208823.
↑Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 300. ISBN978-619-9208823.