Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Купа
Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου, мегленовлашки: Sfânta Maria) — црква во селото Купа, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е гробишен и парохиски храм, сметен на северниот крај на селото. ИсторијаХрамот е изграден во првата половина на XIX век.[1][3] Во 1920-тите настрадала во пожар.[4] Во 1991 г. црквата е прогласена а споменик културата.[1] АрхитектураЦрквата е трикорабна базилика со дрвен покрив и галерија. Има едномансарден покрив со засеци на малите страни. Првично покривот имал камени плочи. На запад и на југ има трем. На запад е заграден, а на југ е овновен неговиот првобитен изглед. Влезот е од југ, а западната врата, поради висинската разлика, води право во галеријата во западниот дел на црквата. Над парапетот е поставена дрвена одрина. До галеријата се стасува по скалиште во северозападниот агол. Од оригиналните внатрешни украси опостоиле амвонот и еден проскинитар. Првобитниот дрвен иконостас е заменет со понов. Забележителни се и дрвените тавани, особено оној во средишниот кораб, кој има дрвени панели.[1] Иконите на иконостасот се дело на попот Христо Сакелариев од Петрово.[3] Има и икони и од неговиот соселанец Димитар Вангелов.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia