Чамски јазици
Чамски јазици или познати како ачешко-чамски се австронезиски јазици, дел од подгрупата на сундско-сулавески јазици од групата на малајско-полинезиски јазици. Овие јазици се зборуваат во Ачех, Индонезија и во делови на Камбоџа, Виетнам, и Хајнан, Кина. Овие јазици потекнуваат од прачамскиот јазик, и истиот се поврзува со сахујунската култура. Тие дошле на територијата на денешен Виетнам од Борнео или можеби Малајскиот Полуостров.[1] Најголем јазик од оваа група јазици е ачешкиот јазик со 3,5 милиони говорници, а потоа следуваат џарајски со 230,000 говорници и чамски јазик со 280,000 говорници. Најсеверен јазик е цатскиот јазик кој се зборува на Хајнан во Кина со околу 3,000 говорници. ИсторијаЧамските јазици имаат најстара пишана историја од сите австронезиски јазици. Натписите од Донг Јен Чау, напишани на старочамски, датираат од 4 век. Поради големиот број позајмени зборови од бахнарските јазици (кои пак се австроазиски јазици), денес има голем број слични зборови помеѓу овие јазици.[1][2] Роџер Бленч (2006)[3] забележува дека аслиските јазици имаат голем број чамски зборови, што покажува дека во минатото имало чамски говорници на Малајскиот Полуостров. КласификацијаГрахам Тургуд (1999:36) ја дава следнава класификација на чамските јазици.[1]
Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia