Јадрени малајско-полинезиски јазици
Јадрените малајско-полинезиски јазици се гранка на австронезиското семејство[1] за скои се смета дека со време се распрснале од нивната прататковина, островот Сулавеси. Се нарекуваат „јадрени“ бидејќи го сочинуваат концептуалното јадро на малајско-полинезиското семејство. Овие јазици се среќаваат ширум Индонезија, со исклучок на средишниот дел на Борнео, Сабах и северот на Сулавеси, како и во Меланезија и тихоокеанското подрачје. Групата ги содржи јазиците што го напуштиле т.н. „австронезиско порамнување“ наследено од прамалајскополинезиската синтакса. Тука спаѓаат традиционалните географски групи како централните, источните, и дел од западните малајско-полинезиски јазици, дел кој се нарекува внатрешни малајско-полинезиски јазици. Затоа, внатрешните малајско-полинезиски јазици (сундско-сулавеските) се дефинираат негативно, т.е. оние јазици на Сунда и Сулавеси кои не се вбројуваат во централно-источните малајско-полинезиски јазици. Централно-источните претставуваат подрачна група, различна од останатите малајско-полинезиски јазици поради нивните неавстронезиски (папуански) супстрати, наместо поради некаква генеалошка сродност. ЈазициЈадрените малајско-полинезиски јазици се состојат од голем број на кладови со неутврдена сродност. Тука се наведени оние што не се сметаат за спорни како единици:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia