Часовник со кукавица

Часовник со кукавица, тизработено во Шварцвалд, ок. 1900

Часовникот со кукавица е тип на часовник, кој не е типично управуван од нишало, туку гчасовите и означува со звук каков што испушта кукавицата, и има автоматизирана птица кукавица која се движи, или оди напред-назад. Некои ги движат крилјата и го отвораат и затвораат клунот додека се наведнуваат нанапред, додека други имаат само тело на птица кое се движи напред. Механизмот кој го прави звукот на кукавицата е во употреба од средината на 18 век и останал ист речиси без промени.

Не се знае кој го измислил часовникот со кукавица и каде е направен првиот. Се смета дека голем дел од неговиот развој бил направен во областа Шварцвалд во југозападна Германија (во денешната покраина Баден-Виртемберг), регионот каде што бил популаризиран часовникот со кукавица и од каде што бил извезен во остатокот од светот. Овој вид на часовник станал светски познат од средината на 1850-ти години па наваму. Денес, часовникот со кукавица е еден од омилените сувенири на патниците во Германија, Швајцарија, Австрија и Источна Франција, а за Германија е културна икона.[1][2]

Карактеристики

Дизајнот на часовникот со кукавица денес е конвенционален. Многу од нив се направени во „традиционален стил“, односно направени се за да висат на ѕид. Класичниот или традиционалниот тип вклучува две подгрупи: резбани, чии дрвени кутии се украсени со лисја, животни и сл., и со кутија во форма на куќичка. Имаат автомат за птицата што се појавува низ мала вратичка кога чука часовникот. Птицата кукавица се активира кога часовникот отчукува на секој час.[3]

Постојат два вида движења: еднодневни (30-часовни) и осумдневни часовници. Некои имаат музички уреди и свират мелодија на швајцарска музичка кутија, откако ќе ги одбележат часовите. Музичките часовници со кукавица често имаат други автомати кои се движат кога свири музичката кутија. Денешните часовници со кукавици речиси секогаш се управувани со тежина. Теговите се направени од леано железо обично во форма на шишарка, а звукот на „кукавицата“ се создава од две ситни цевки во часовникот, со мевчиња прикачени на нивните врвови. Движењето на часовникот го активира мевот за да испраќа воздух во секоја цевка наизменично кога е време за одбележување на времето.[4]

Историја

Во 1629 година, многу децении пред да се воспостави часовникот во Шварцвалд, трговец од Аугсбург по име Филип Хајнхофер (1578–1647) напишал еден од првите познати описи за часовник со кукавица. Во Дрезден, тој го посетил Кунсткамер (Кабинетот на куриозитети) на принцот Август фон Заксен. Во една од собите имало часовник што ѕвони и птица кукавица што се движи, која го најавувала секој четврти час. Хајнхофер накратко го опишал ова како: „Прекрасен часовник што ѕвони, внатре има кукавица, што ги покажува четврт часовите со клунот и повикот, часовите со мавтаните крилја и расфрла шеќер од опашката“.[5] Овој часовник повеќе не е дел од збирката во Дрезден.[6]

Во 1669 година, Доменико Мартинели, во својот прирачник за основните часовници Horologi Elementari, предложил да се користи пеењето на кукавицата за да се означат часовите. Почнувајќи од тоа време, механизмот на часовникот со кукавица станал познат. Секој механичар или часовничар, кој знаел да чита латински или италијански, знаел откако ги прочитал книгите дека е изводливо кукавицата да ги најави часовите.

Часовниците со кукавици се појавиле во региони кои не биле познати по изработка на часовници. На пример, Historische Nachrichten (1713), анонимна публикација која генерално му се припишува на дворскиот проповедник Бартоломај Холцфус, споменува музички часовник во палатата Ораниенбург во Берлин. Овој часовник, кој потекнувал од Западна Прусија, свирел осум црковни химни, и имал кукавица која ги објавувала четвртините часови. За жал, овој часовник, како оној што го спомнал Хајнхофер во 1629 година, денес повеќе не може да се види.

Во 18 век, луѓето во Шварцвалд почнале да произведуваат часовници со кукавици.

Поврзано

Наводи

  1. Peter Neville-Hadley (2016-04-03). „Germany's Black Forest clock route full of surprises“. torontosun.com. Посетено на 2016-10-25.
  2. Ross Sveback (2015-08-25). „Cuckoo for cuckoo clocks“. fox9.com. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 2016-10-25.
  3. Archived at Ghostarchive and the The American Cuckoo Clock Company (2019-03-03), What Makes the Cuckoo Clock Bird Move?, Архивирано од изворникот на 2019-05-18, Посетено на 2019-03-24CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link): The American Cuckoo Clock Company (2019-03-03), What Makes the Cuckoo Clock Bird Move?, Посетено на 2019-03-24
  4. Stamp, Jimmy. „The Past, Present, and Future of the Cuckoo Clock“. Smithsonian Magazine (англиски). Посетено на 2021-01-11.
  5. Doering, Oscar (1901). „Des Augsburger Patriciers Philipp Hainhoffer Reisen nach Innsbruck und Dresden“ (PDF) (англиски). The Wagburg Institute. Посетено на 2022-08-04.
  6. Graf, Johannes (2017-06-28). „Wer hat's erfunden? Zur Frühgeschichte der Kuckucksuhr (Who invented it? On the early history of the cuckoo clock)“ (германски). blog.deutsches-uhrenmuseum.de. Посетено на 2022-08-03.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya